Загина возач на автопатот Демир Капија – Гевгелија

Во сообраќајка кај тунелот во Демир Капија починал маж од Скопје.

-На 11.11.2024 во 18.40 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на автопатот Демир Капија – Гевгелија, после првиот тунел кај Демир Капија, товарно возило „ман” со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од З.К.(54) од село Инџиково, скопско, удрило во заштитна ограда. На местото на настанот починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, се вели во информацијата од МВР.