САД: Косовски Албанец осуден на 40 години затвор за тероризам

Американски суд го осуди на 40 години затвор косовскиот Албанец, Сами Осмакац поради планирање терористички напад во градот Тампа, објави МИА.

Осмакац во мај е прогласен за виновен поради обид за снабдување со оружје за масовно уништување, како и за поседување нерегистрирано автоматско оружје.

Тој е уапсен во 2012 година, откако американските власти утврдиле дека се обидел да купи оружје, вклучувајќи и експлозив за автомобил-бомба и пушка АК-47 од агент кој се претставил како дилер со оружје.