Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа ќе се сретне со претседателот во заминување Џозеф Бајден, една недела откако тој како републикански кандидат го освои потребниот број електорски гласови за втор претседателски мандат. По нивната средба, која е закажана за 11:00 часот по локално време и се толкува како еден од неформалните чекори во транзицијата на политичката моќ, Трамп формално ќе ја преземе функцијата за претседатек на 20 јануари 2025 година, по церемонија за инаугурација.
Денешната средба ќе биде една од ретките меѓу Бајден и Трамп.
Последен пат тие се сретнаа за време на телевизиските дебати за време на изборната кампања кон крајот на јуни – непосредно пред Бајден да се повлече од претседателската трка, јави ДПА.