
Ве информираме дека првиот ден од Светското првенство за сениори за Македонската репрезентација започна со настапот на Пулексенија Јованоска – кати и Берат Јакупи, Моника Стефановска и Иво Цветковски во борби.
Пулексенија Јованоска изгуби во прво коло од репрезентативката на Виетнам, Хoанг Нган Нгијен со 1:4.
Моника Стефановска, исто така, изгуби во прво коло од репрезентативката на Полска, Камила Варда, со резултат 1:1 и изјаснување на судиите.
Иво Цветковски прво коло го победи репрезентативецот на Исланд, Јоханес Гаути Отарсон со 3:0, но веќе следното коло беше поразен од репрезентативецот на Алжир, Уалид Буабауб со резултат 0:0 и изјаснување на судиите.
Берат Јакупи, после три последователни победи над репрезентативците од: Шкотска, Марк Мекали 7:0, Тунис, Маруан Ахмен Езар, 3:2 и Португалија Елио Ернандез со резултат 5:5 и изјаснување на судиите, изгуби од репрезентативецот на Египет, Мохамед Ел Котби, со резултат 0:0 и изјаснување на судиите.
Денес ќе настапат Симона Заборска, Емил Павлов и Тодор Ристески.
Комплетни резултати можете да најдете на www.sportdata.org а пренос во живо од натпреварот на www.wkf.net