Дел од Општина Центар без вода

Без вода денеска се дел од корисниците лоцирани на улицата „Јордан Мијалков“ без број во Општина Центар.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради штопирање водоводна мрежа на неколку локации на улицата „Јордан Мијалков“ без број.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.