Кинескиот претседател Кси Џинпинг повика на дополнителни напори за одржување на стапката на плоднос и вројноста на населението во Кина, објави во петокот државната новинска агенција Xinhua, бидејќи земјата се соочува со ефектите од стареењето на населението.
Правниот систем што ги надгледува прашањата со популацијата и репродукцијата треба да се подобри за да помогне во зајакнувањето на демографијата, го цитира агенцијата Кси во написот што ќе биде објавен во официјалното списание на Комунистичката партија на Кина во сабота.
Стапката на наталитет во Кина, со население од околу 1,4 милијарди, минатата година падна на рекордно ниско ниво. Азискиот гигант Индија ја престигна Кина и стана најмногубројна нација во светот.
Стареењето на населението го оптоварува кинескиот пензиски систем, и покрај тоа што во 2015 година земјата ја напушти својата 35-годишна политика на едно дете, таа се бори со зголемувањето на наталитетот, особено бидејќи руралното население мигрирало во градовите во потрага по работа.
Кина треба да воспостави и подобри политики за поддршка на наталитетот за да промовира долгорочен балансиран развој на населението и треба да го зајакне развојот на човечките ресурси за да ја зголеми понудата на работна сила, навел Кси.
Пишува и дека Кина треба да ја подобри координацијата меѓу кинескиот народ, економијата и ресурсите за да обезбеди „сигурноста на населението“.
Последниве месеци кинеските власти објавија мерки за подобро планирање на семејството и родителство и повикаа на напори за изградба на „брак на новото доба и култура на раѓање деца“ во обид да се зголеми стапката на наталитетот.