Во текот на расправата на денешната Комисија за финансирање и буџет за 2025 година, од собраниската говорница се обрати и Сергеј Попов, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој потенцира дека новите буџети и ребалансите на истите претставуваат одлична прилика да се согледаат намерите на владата кон одредените таргет групи и колку се тие реални или паушални.
Според него ова претставува исклучителна прилика за согледување на разликите во односот кон младите и младинскиот стандард меѓу изминатиот период на владата на СДС и сега, кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт.
„Порано, драги млади и почитувани пратеници, многу се ветуваше, ништо не се реализираше, а не се реализираше затоа што ветувањата се даваа паушално без за тоа да се обезбедат средства во буџетот, што неминовно води до констатацијата дека младите седум години биле манипулирани“, концизен е Попов.
Тој појасни дека во изминатите 7 години државата за едни беше мајка, а за други маќеа и дека сите пресови, реакции и поднесени амандмани беа за бадијала зошто СДС парите за младите сепак ги насочуваше за други ставки преку кои се богатеа одредени поединци од власта.
„Затоа изборите завршија како што завршија и затоа поддршката од младите за Социјалдемократскиот сојуз е толкава колкава што е или во превод, на ниво на статистичка грешка. Почитувани, младите се почитуваат со дела, а токму овој буџет со сигурност ќе донесе повисок младински стандард, а сега дозволете ми со факти да презентирам и зошто“, вели Попов.
Во овој контекст, Попов појасни дека Владата на ставката студентски стандард предвидува средства кои се за 18% повеќе споредно со буџетот за 2024 година, додека пак за ученичкиот стандард се предвидени 12% повеќе во однос на буџетот од минатата година, кој беше креиран од другата влада и за ставката високо образование 17% повеќе споредено со претходниот период.
Тој исто така напомена дека веќе е отпочната реконструкцијата на студентските домови и во текот на наредната година истите ќе бидат ставени во функција, а истовремено се предвидува и реконструкција на