Приведени повеќе лица во Скопје откако кај нив е пронајдена дрога

Полицијата уапси 12 лица кај кои на подрачјето на Општина Аеродром биле пронајдени апчиња и прашкаста материја.

По преземени мерки и активности на подрачјето на Општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во периодот од 23.20 часот на 15.11.2024 до 03.50 часот на 16.11.2024 лишиле од слобода 12 лица.

„Б.П.(29) од Скопје бил лишен затоа што кај него биле пронајдени таблети, кај Б.Ј.Р.(21) од Скопје била пронајдена бела грутчеста материја, кај А.С.(21) од Битола, а со живеалиште во Скопје, била пронајдена бела прашкаста материја, кај С.Т.(23) од Битола, а со живеалиште во Скопје, била пронајдена таблета, кај Н.Н.(28) од Куманово бела прашкаста материја, кај А.С.(24) од Прилеп таблети, кај Д.М.(20) од Битола грутчеста материја, кај О.С(30) од Битола прашкаста материја, кај М.К.(23) од Битола бела грутчеста материја, кај И.К.(21) од Велес таблета, кај К.Л.(31) од Скопје таблети и кај Д.Р.К.(24) од Тетово била пронајдена бела прашкаста материја“, информира МВР.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.