Криел автоматска пушка под буре во двор

При претрес во домот на А.М. (33) во Дебар, вчера полициските инспектори пронашле една автоматска пушка и два оквири со дваесет куршуми калибар 7.62 милиметри долго зрно.

Автоматската пушка била сокриена во бела јутена вреќа оставена во дворот, под метално буре во близина на влезната метална порта.

СВР Охрид соопшти дека одземеното огнено оружје и муницијата се предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, а против А.М. е поднесена кривична пријава.