Кулеба: Со поканата на Шолц до Путин, претседателот на Русија излезе од европската изолација

Поранешниот украински министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска изјави дека со поканата на германскиот канцелар Олаф Шолц до рускиот претседател Владимир Путин, рускиот лидер излезе од европската изолација и дека Германија го отворила патот веднаш по Унгарија.

Пред неколку месеци, германскиот канцелар Олаф Шолц го праша украинскиот претседател Володимир Зеленски дали поканата до рускиот претседател Владимир Путин би била соодветна. Зеленски, како што изјави, тогаш се спротивставил на идејата, а Шолц се воздржал од поканата. Меѓутоа, по американските избори, Шолц одлучи дека е дојдено време за тоа и му испрати покана на Путин, а Зеленски јавно, но благо го критикуваше поради тоа. Се чини дека повикот не значи ништо значајно за подобрување на имиџот на Шолц меѓу германските гласачи кои се наклонети кон Русија, напиша Кулеба на „Х“

Тој оцени и дека довербата меѓу Зеленски и Шолц е нарушена, посочувајќи дека треба да се запомни оти Германија е вториот најголем давател на воена помош за Украина по САД. Кулеба нагласи дека тешко заработената репутација на Германија меѓу Украинците е значително погодена.

Според него, Путин му покажал на светот дека неговата стратегија функционира – „Западот на крајот ќе ја наведне главата повикувајќи го да ја прекине војната, што тој нема да го направи“.