Севернокорејскиот лидер ја повика војската да се подготви за војна

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ја повика војската на неговата земја да ги фокусира сите напори на завршување на воените подготовки, пренесуваа во понеделник западните агенции пшовикувајќи се на севернокорејската државната новинска агенција KCNA.

Според наводите на германската агенција dpa, KCNA објавила дека Ким го опишал Корејскиот полуостров како „најголемата жариште на светот“ во говорот пред командантите на баталјоните во Пјонгјанг во петокот.

Ким, исто така, ги обвинил САД и Јужна Кореја дека ги доведоа тензиите на полуостровот „до најлошата фаза во историјата“, пишува натаму dpa.

Во саботата, весниот Financial Times објави, повикувајќи се на свои извори, дека Северна Кореј во моментов наводно ја помага Русија во војната против Украина не само со испраќање војници и муниција, туку и со тешка артилерија.

Според извештајот на британскиот весник, околу 50 самоодни хаубици „M1989 Koksan“ и речиси 20 повеќецевни ракетни фрлачи од Северна Кореја пристигнале во Русија во последните седмици.

Американскиот Стејт департмент неодамна тврдеше без прижање докази дека наводно „илјадници“ севернокорејски војници активно се борат заедно со руските сили во пограничниот регион во близина на Курск, каде што се ангажирани против украинските трупи. Меѓутоа, како и што истакнаа Москва и Пјонгјанг, кои ниту ги потврдуваат ниту ги демантираат овие информации, таквата ситуација е во согласност со меѓународното право затоа што војниците би биле распоредени на територија на една о земјите кои имаат меѓудржавен договор, а не на територија на трета земја.

Извештаите на јужнокорејското разузнавање дополнително сугерираат дека Северна Кореја на водно распоредила повеќе од 10.000 војници во Русија, покрај снабдувањето на руските сили со артилериска муниција.

Растечката воена соработка меѓу двете земји е зацврстена со неодамна потпишаниот договор кој вклучува меѓусебен одбранбен сојуз.