Франција увезла рекордни количества на руски течен природен гас (LNG) во 2024 година, иако севкупните набавки опаѓаат, објави во понеделникот деловната новинска агенција Bloomberg News според податоците за следење на бродовите кои го транспортираат енергенсот, нагласувајќи го растечкиот увоз на руски LNG во Европа.
Според пресметките врз основа на податоците што ги анализирала агенцијата, од почетокот на 2024 година Франција увезла повеќе руски LNG отколку во која и да е друга цела година од почетокот на снабдувањето со енеренсот во 2018 година. Конкретно, побарувачката за терминалот во Данкерк нагло пораснало.
Испораките во францускиот терминал во Данкерк особено се зголемил помогнати од испораките на германската државна фирма „Securing Energy for Europe GmbH“ (SEFE), поранешната филијал на руски „Газпром“ во Германија, која германската влада ја национализираше во 2022 година по руската инвазија на Украина.
Агенцијата забележува дека не е познато колкаво количество од рускиот течен природен гас испорачан во Франција, е всушност потребен во земјата. Но забележува дека откако LNG ќе биде регасифициран се префрла во цевководната мрежа, и гасот слободно се транспортира во другите земји од Европа.
SEFA има договор за испорака на товари LNG од наоѓалиштата и погоните во Јамал на рускиот Далечени исток до Данкерк, наследени од поранешниот сопственик „Газпром“.
Германската државна компанија ги купува руските товари LNG и договорот „затоа се исполнува со цел да се задржи предноста за руската страна што е можно пониска“, изјавил за Bloomberg портпаролот на германското Министерство за економија.
SEFE никогаш не испорачал или се обидел да испорача руски LNG во Германија, додал портпаролот на компанијата Јан-Петер Хак во е-пошта за Bloomberg.
Минатата седмица се појавија извештаи дека германското Министерство за економија ги предупредило операторите на своите терминали за увоз на LNG да одбиваат да примаат товари од Русија до понатамошно известување, бидејќи увозот на руски LNG го поткопува самиот концепт на давањето приоритет за брзо градење на пристаништа за примање течниот LNG чија цел е прекинување на зависноста од снабдувањето со руски гас.
Германското Министерство за економија испрати писмо до операторто „Deutsche Energy Terminal“, во кое го советува „да не прифаќа никакви испораки на руски LNG“, објави Financial Times минатата седмица, цитирајќи го писмото што го видел. Министерството беше информирано од „Deutsche Energy Terminal“ дека објектот за увоз на LNG треба да прими товар со LNG од Русија.
Рускиот LNG учествуваше со 20 отсто од увозот на течен природен гас во ЕУ во првите девет месеци од 2024 година, во споредба со 14 отсто за истиот период минатата година, во услови на значително помал увоз на супер-ладено гориво во ЕУ, во извештајот на Агенцијата на ЕУ. за соработка на регулаторите за енергетика (ACER) покажа минатиот месец.