Зеленски во посета на Доњецк

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски изврши увид во изградбата на утврдувања во регионот на Доњецк и претседаваше со состанок на кој се разговараше за мерките за одржување на животот во регионот, објавија украинските медиуми.

-Регионот Доњецк. Изградба на утврдувања и состанок за прашањата за регионалното снабдување. Безбедноста е врвен приоритет. Денеска извршив увид во текот на изградбата на одбранбените структури. Повеќето од планираните локации се веќе завршени. Благодарен сум на сите што учествуваат во ова важно дело, напиша Зеленски на Телеграм