На Волстрит, индексот S&P 500 благо порасна во понеделникот, враќајќи дел од минатоседмичните загуби, бидејќи инвеститорите чекаат нови економски показатели и резултати на компанијата кои би можеле да го насочат пазарот.
Индексот Dow Jones загуби 0,13 отсто, на 43.389 поени, додека S&P 500 зајакна 0,39 отсто, на 5.893 поени, а индексот Nasdaq зајакна 0,60 отсто, на 18.791 поени.
Откако минатата седмица паднаа за повеќе од 2 отсто, S&P 500 и Nasdaq вчера вратија дел од загубите.
Во исто време, цените на акциите најмногу пораснаа во енергетскиот сектор, во просек за 1,05 отсто, а најмногу паднале во индустрискиот сектор.
Немаше значајни вести бидејќи инвеститорите ги очекуваат кварталните деловни резултати на Nvidia, кои ќе бидат објавени во среда.
Акциите на производителот на чипови се меѓу најголемите добитници последниве години, благодарение на еуфоријата околу развојот на вештачката интелигенција. Деловниот извештај ќе покаже дали сè уште има простор за зголемување на цената на акциите на „Nvidia“ или доаѓа период на корекција.
Во фокусот на инвеститорите оваа недела ќе бидат кварталните деловни резултати на трговските синџири, како што се „Walmart“, „Target“ и „Lowe’s“, кои ќе покажат каква била продажбата во пресрет на претстојната предбожикна потрошувачка сезона.
Инвеститорите ќе ги следат и новите макроекономски извештаи кои ќе ја покажат состојбата во економијата. Минатата семица претседателот на американската централна банка Џером П ауел изјави дека економијата продолжува да расте, дека пазарот на трудот е солиден, а инфлацијата се уште е над целта од два отсто.
Поради оваа причина, рече тој, Fed не треба да брза со намалување на каматните стапки. Ова ги разочара инвеститорите кои беа сигурни дека Fed ќе ги намали каматните стапки и на состанокот во декември.
По коментарите на Пауел, тоа веќе не е сигурно. Неодамна, пазарот процени дека има повеќе од 80 отсто шанси Fed да ги намали каматните стапки за дополнителни 0,25 процентни поени во декември, но по коментарите на Пауел, тие шанси паднаа на околу 60 отсто.
Ова е причината зошто цените на акциите на Волстрит драстично паднаа минатата седмица.
Внимателно вчера се тргуваше и на европските берзи. Лондонски FTSE индекс зајакна за 0,57 отсто, на 8.109 поени, а париски CAC се зголеми за 0,12 отсто, на 7.278 поени. Франкфуртски DAX ослабе, пак, за 0,11 отсто, на 19.189 поени.