На валутните пазари во вторникот во раното претпладневно тргување вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути благо порасна, по вчерашниот пад.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утринава достигна 106,20 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 106,12 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута ослабна за 0,10 отсто, на 154,50 јени. Но американската валута благо зајакна во однос на европската, за 0,15 отсто, па цената на еврото се лизна на 1,0585 долари.
Цените на нафтата, пак, благо пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,11 отсто, на 73,40 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,09 отсто, на 69,20 долари.