Официјален Вашингтон ја предупреди Турција да не им дава зазолниште на челниите на палестинското милитантно движење Хамас, наведувајќи дека САД сметаат оти лидерите на „таа терористичка организација не би требало да живеат лагодно“.
Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, не сакаше да одговори на тврдењата дека некои лидери на Хамас се преселија од катар во Турција, но рече дека не може да ги оспори тие наводи, пренесува Reuters.
Милер најави дека Вашингтон ќе ѝ стави јасно на знаење на турската влада дека не може да има соработка со Хамас, затоа што некои од лидерите на групата се на американската листа на барани лица, поради што би требало да им бидат испорачани на Соединетите држави.
„Ние мислиме дека водачите на терористичката организација не треба да живеат лагодно каде и да е и тоа секако вклучува и еден голем град на еден од нашите клучни сојузници и партнери“. рече Милер.
Турски дипломатски извори во вторнкот ги отфрлија тврдењата дека Хамас ја преместил својата политичка канцеларија во Турција, наведувајќи дека припадниците на Хамас биле само во привремени посети на Турција.
Турција го критикуваше Израел поради офанзивата во Појасот Газа и во Либан и не го смета Хамас за терористичка група.
Катар претходно соопшти дека ги прекинува напорите за посредување меѓу Хамас и Израел додека двете страни не покажат сериозност околу преговорите и порача дека не гледа причина и натаму да функционита политичката канцеларија на Хамас во Доха.