Остар раст на цената на златото

Цените на златото пораснаа втор ден по ред во вторникот, како одраз на зголемената побарувачка на инвеститорите за безбедното средство во услови на ескалација на тензиите меѓу САД и Русија околу Украина.

Со една унца злато на физичкиот пазар во вторникот во попладневното тргување се тргуваше по цена од 2.637 долари, што е највисока од 11-ти ноември и за еден процент повисока од вчерашното затворање на тргувањето.

За ист процент порасна цената на златото кај терминските (фјучерс) договори на американскиот пазар, на 2.641 долар за унца.

Златото обично поскапува во време на геополитичка неизвесност и во атмосфера на ниски каматни стапки, потсетува Reuters.

Во понеделникот цената на златото порасна за два отсто, поттикната од вестите кои сигнализираа ескалација на руско-украинската војна и напнатоста во руско-американските односи.

Американските медиуми во неделата објавија дека кабинетот на американскиот претседател Џо Бајден ѝ дозволил на Украина да користи американски ракети ATACMS за удари врз цели длабоко на руска територија. Русија речиси истовремено го изврши најголемиот воздушен напад во Украина во последните три месеца, предупредувајќи го Вашингтон на опасност од директен судир.

Во вторникот, тензиите ескалираа уште повеќе откако рускиот претседател Владимир Путин ја потпиша ревидираната руска нуклеарна доктрина во формалност. Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана извести дека Украина ноќта кон вторникот истрелала шест ракети ATACMS кон регионот Брјанск во Русија.

Системот за противвоздушна одбрана соборил пет проектили а еден бил погоден од кој делови паднале на територијата на воен објект предизвикувајќи пожар кој брзо бил изгансат, нема повредени и не е причинета материјална штета, тврди руското Министерство за одбрана.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави во вторникот дека се надева оти Западот внимателно ќе ја прочита ажурираната нуклеарна доктрина, велејќи им на новинарите во Рио де Жанеиро дека Русија ќе направи сѐ за да спречи избувнување на нуклеарна војна. Според него, нуклеарното оружје ќе биде средство за одвраќање на нуклеарна војна.

„Јасно гледаме дека инвеститорите сакаат да го ублажа ризикот поради руската промена во нуклеарната доктрина и медиумските наслови за нападот на Украина со ATACMS на руска територија“, вели директорот на одделот за истражувања во „AFS Group„ во Амстердам.

Во такви услови, цените на среброто на физичкиот пазар во вторникот пораснаа за 0,7 отсто на 31,38 долари. Слична процентуална добивка имаше и паладиумот, кој достигна цена од 1.010 долари. Во понеделникот неговата цена скокна за пет отсто.

Платината, пак, благо падна за 0,2 отсто, на 965,52 долари.

Цената златото беша поттикната и од намалувањето на доларот од највисокото ниво во една година поради профитабилните продажби, забележува Reuters. Со послаб долар, златото е поевтино за купувачите со други валути.