
Во средата во Македонија ќе преовладува облачно време во западните делови од наутро со повремен дожд. Во текот на денот врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата, а ќе бидат пообилни во западните и северозападните делови, а ќе продолжат и преку ноќта и ќе бидат од снег на највисоките планини. Ќе дува засилен до силен јужен ветер (наместа над 70 km/h).
Утринските температури се движат меѓу 1 и 8, додека највисоките дневни соодветно ќе бидат во опсегот од 9 до 17 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно од пладневните часови со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и преку ноќта кога ќе бидат пообилни во делови од котлината. Ќе дува повремено засилен јужен ветер. Температурата ќе достигне до 16 степени.