Арсовска-Томовска на Самитот за управување на глобалните предизвици во Абу Даби

Во рамките на Самитот за иновативните генерации и управувањето со глобалните предизвици кој се одржа во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати, заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, учествуваше на панел дискусија на која се разговараше за компјутерската безбедност и начините на заштита од сајбер криминалот.

Таа се осврна на активностите на Владата на Република Македонија во справувањето со сите закани кои доаѓаат од користењето на интернетот преку изработка на стратегии, подигнување на свеста за комјутерската безбедност, систематскиот пристап и начините на заштита, потенцирајќи го примерот со компјутерските експерти кои ги едуцираат учениците во основните и средни училишта за злоупотребите на интернетот. Меѓу секторите кои несомнено мора да бидат заштитени од опасноста на сајбер криминалот, Арсовска Томовска ги напомена секторите за одбрана, здравствена заштита, гас и енергија.

Abu Dabi 2

Заменик министерката особено нагласи дека во Република Македонија преку отворените податоци се создава можност за пристап на граѓаните до сите неопходни информации, со цел развој на економијата. Покрај тоа, таа ја истакна потребата од заштита на платформата за размена на податоци, без да се ограничи слободата на говорот.
Во рамките на Самитот, Арсовска Томовска оствари и работна вечера на која се дискутираше за природата на екосистемите и намалување на бариерите во развојот на иновациите.

Самитот во Абу Даби ги опфати идеите за менување на енергијата, образованието и бизнисот, со цел да се потенцира трансформативната природа на новите технологии во веќе поврзаниот свет.