
Како жена која е неуморна во својата работа и дава се од себе да создаде видливи промени, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини – Сања Божиновска, оди чекор напред. Го потпиша Меморандумот за соработка со WOBA – иницијатива која се залага за застапеноста на жените на лидерски позиции и унапредување на родовата рамнотежа.
Потпишувањето на Меморандумот со WOBA не е само формален чин, туку и израз на нејзината лична заложба за жените во нашето општество.
Таа вели и дека треба да ја поддржиме секоја жена која се стреми кон лидерство, која ги урива бариерите и ја создава иднината како и тоа дека оваа иницијатива не е само чекор кон исполнување на европските стандарди – таа е инвестиција во нашата иднина.