Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот имаше неочекувано видео обраќање до припадниците на вооружените сили и граѓаните, партнерските земји и оние „ко и продолжуваат на имаат илузии дека можат да ѝ нанесат стратешки пораз“ на Русија, во врска со украинските удари врз руските региони Курск и Брјанск со западни ракети со долг дострел.
Истовремено Путин коментирајќи ги споменатите удари врз руска територија, укажа на заканата од глобален конфликт кон кој водат акциите на САД. Врховниот командант на руските вооружени сили притоа и сподели некои информации за развојот на најновиот вид ракета наречена „Орешник“.
Пред една седмица САД и неговите западноевропски сојузници ѝ дозволија на Украина да изведува удари во длабочина на руската територија со ракетите што му ги испорачуваат на Киев – американските ATAMCS и британските „Storm Shadow“, коишто како што предупреди Москва ќе значи директно вклучување на НАТО во војната во Украина, бидејќи за употребата на вакви софистицирани ракетни системи неопходен е офицерски кадар кој за тоа се обучува со години, како и сателитски системи за набљудување и наведување на проектилите.
Самиот Путин повеќепати предупредуваше на овој факт, а тоа го повтори и денеска.
„На 19-ти ноември шест оперативни тактички ATACMS проектили од американско производство и на 21-ви ноември во комбиниран ракетен напад со британските системи Storm Shadow и американските HIMARS (односно проектили ATACMS), изведени беа удари врз вроени цели на територијата на регионите Брјанск и Курск“, потврди Путин.
Како што пред два дена за ударот во Брајнск извести руското Министерство за одбрана биле употребени шест ракети ATACMS од кои пет биле уништени а една погодена од кои фрагменти паднале на територијата на воена база предизвикувајќи пожар кој веднаш бил изгасната. Овој напад мина без настрадани и материјална штета. Ноќта кон четвртокот, пак, во украинскиот напад со западни ракети беше гаѓан еден од командните пунктови на руските војски во, исто така, пограничниот регион Курс и притоа има загинати и ранети руски војници меѓу надворешниот периметар на заштита на објектот и помошен персонал. Командниот и оперативниот состав не претрпел штети, според Москва.
Спротивно на желбите на режимот во Киев, рече Путин, ниту снабдувањето со ракети со долг дострел, ниту дозволата со нив да се гаѓаат цели во длабочината на руската територија, не ја променија и нема да ја променат ситуацијата на фронтот, каде руските единици од крајот на летото забрзано напредуваат.
„Употребата на таквото оружје од страна на противникот не може да влијае на текот на борбените дејствија во зоната на специјалната воена операција. Нашите сили успешно напредуваат по целата линија на фронтот. Сите задачи што си ги поставив ќе бидат извршени“, рече Путин.
Удар на одвраќање
Како одговор на украинските напади, како што посочи Путин, руската страна одговори со удар врз еден од најголемите и најпознати воено-индустриски комплекси уште од ерата на Советскиот сојуз“ , кој и сега произведува ракетна технологија и други видови вооружување.
Украинските соопштија воздухопловните сили претходно во четвртокот изјавија дека цел на рускиот напад биле компании и клучната инфраструктура во градот Днипро (руски Дњепропетровск), со, како што тврдат интерконтинентална балистичка ракета од јужниот руски регион Астрахан оддалечен над 700 километри од целта.
И двете страни не прецизираат што била вистинската цел на рускиот одмазднички напад, но медиумите наведуваат дека најверојатно станува збор за еден од „столбовите“ на украинскиот воено-индустриски комплекс фабриката „Јужмаш“.Претходно овие погони во западните медиуми беа споменувани како локација каде што Украина се обидува да ја реализира сопствената програма за балистички ракети.
Весникот Украинска правда, повикувајќи се на анонимни извори, пишува дека станува збор за проектил „РС-26 Рубеж“, интерконтинентална балистичка ракета со дострел од 5,8 илјади километри. Агенцијата Reuters забележува дека „РС-26“ беше успешно тестирана првпат во 2012 година. Се проценува дека е долаг околу 12 метри и тешка 36 тони, според Центарот за стратешки и меѓународни студии (CSIS). Таа ракета може да носи и конвенционална и нуклеарна боева глава тешка до 800 килограми, според истиот извор.
Руските медиуми пишуваат дека целта во Украина била погодена со оружје кое досега не било познато дека е во редовен состав на руските сили и воопшто досега не било употребено во речиси тригодишната војна.
Путин денеска првпат јавно го спомена најновиот ракетен комплекс „Орешник“, но не јасно е дали токму со него е изведен утринскиот напад кој предизвика дилеми и осуди во САД и неговите партнери во НАТО. Според, рускиот претседател станува збор за балистичка ракета со среден дострел со хиперсонични боеви блокови. Нејзината брзина е два до три километра во секунда, и на неа речиси не можат да реагираат сегашните системи за противвоздушна и противракетна одбрана.
Русија изврши тестови на хиперсоничниот ракетен систем „Орешник“ (Лешник) како одговор на агресивните дејствија на членките на НАТО против Русија, рече Путин.
„Како одговор на употребата на американско и британско оружје со долг дострел, на 21 ноември оваа година руските вооружени сили извршија комбиниран напад врз објект на воено-индустрискиот комплекс на Украина. Еден од најновите руски ракетни системи со среден дострел, меѓу другото, беше тестиран и во борбени услови. Во овој случај, тоа беше балистичка ракета во ненуклеарна хиперсонична опрема“, рече рускиот претседател.
Агенцијата РИА наведува дека според снимките од синоќешниот удар објавени на интернет, станува збор за системот „Орешник“ опремен со повеќекратна боева глава чии делови може да бидат наведувани индивидуално.
Просечниот радиус е од 1.000 до 5.500 километри. Овој тип проектил, меѓу другото го вклучувал и советскиот „РСД-10 Пионер“, како и ветувачкиот ракетен проект „РС-26 Рубеж“, кој не бил вклучен во државната програма за вооружување до 2027 година поради давањето предност на хиперсоничната ракета „Авангард“. Токму „Рубеж“ украинската страна ја споменуваше за ударот врз Дњипро.
Снимките од уличните камери објавени на интернет покажуваат шест речиси вертикални удари. Се претпоставува дека можно е да станува збор за шест посебни боеви глави, што е стандардниот борбен товар што според спецификацијата го понесува ракетата „Орешник“. На снимките не се забележуваат експлозии, па некои боени блогери наведуваат дека веројатно ударот е изведен со полнење со инертни боеви блокови, односно „ќорци“, што сугерира за предупредувачки удар и дека моќноста се базирала на кинетичкиот удар, кој е доволно силен да предизвика сериозна штета, бидејќи боевата глава влегува во атмосферата со хиперсонична брзина и речиси вертикално понира кон зададената цел. Некои стручни воени блогери, пак, не ја исклучуваат верзијата дека со боевите глави наменети за продирање во добро утврдени цели биле користени за уништување на подземната инфраструктура на комплексот во Дњипро.
А „Орешник’ не е првото развојно руско оружје чие постоење лично го објавува Путин. Во 2018 година, тој ги најави тешката интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“, крстосувачката ракета на нуклеарен погон „Буревестник“, подводниот дрон со долг дострел „Посејдон“ и хиперсоничниот комплекс „Авангард“. Секогаш притоа, рускиот претседател укажуваше дека сегашните противракетни системи не се во можност да ги пресретнат овие проектили.
Нема „рецепт“ против „Орешник“. Ракетите напаѓаат цели со брзина од 10 маха (истите 2,5–3 километри во секунда споменати од претседателот). И современите системи за противвоздушна одбрана, како и системот за противракетна одбрана создаден од Американците во Европа, „таквите проектили не можат да се пресретнат, тоа е невозможно“
Кога станува збор за комплексот „Орешник“, според отворени извори, неговата ракета ја напаѓа целта со брзина од 10 Маха, односно 2,5 до 3 километри во секунда. А Путин нагласи дека ниту современите софистицирани противракетни системи кои САД ги инсталираат во Европа „не можат, невозможно е, да ги пресретна овие проектили“.
Ударот врз комплексот во Дњипро е всушност тестирање на новото руско вооружување, посочи Путин. Посочи дека „објектите коишто треба да бидат уништени“ во текот на пробните лансирања се избираат „врз основа на заканата за безбедноста на Руската Федерација“.
„А не само фактот што тие се наоѓаат на територијата на Украина“, предупреди Путин алудирајќи на можноста која ја најавуваат неговите соработници дека Русија ќе ги цели и локациите од кои се испорачуваат или наведуваат западните оружја за напади во длабочината на руската територија.
„Направија грешка“
Путин во обраќањето истакна дека развојот на најновите ракети е одговор на американските планови за производство и распоредување ракети со среден и краток дострел во Европа и во Азиско-пацифичкиот регион.
„Уверени сме дека САД направија грешка со тоа што еднострано го урнаа Договорот за нуклеарни сили со среден дострел во 2010 година под пресилен изговор“, рече Путин.
Тогаш, САД водени од повторно избраниот претседател Доналд Трамп еднострано од споменатиот и другите договор и кои с е однесуваа на стратешкото оружје, а администрацијата на актуелниот претседател Џо Бајден не пројави желба за преговори на договорите кои истекуваа во нејзиниот мандат.
„Денес САД не само што произведуваат таква опрема (оружја), туку, како што гледаме, во текот на обуките на своите војски ги разработуваат плановите и ги пренесуваат во разни регионот во светот, вклучително и во Европа, своите перспективни ракетни системи. Згора на тоа, во текот на вежбите активно спроведуваат обуки за нивна примена“, рече Путин.
Тој, исто така, истакна дека Русија доброволно, еднострано, „ја презеде обврската да не распоредува ракети со среден и помал дострел додека американското оружје од овој вид не се појави во кој било регион во светот“.
Путин уште еднаш потсети дека руските власти отсекогаш претпочитале и сега се подготвени да ги решат сите контроверзни прашања на мирен начин. „И во исто време сме подготвени „за каков и да е развој на настаните“, додаде .
„Би сакал уште еднаш да нагласам дека не Русија, туку Соединетите држави го уништија меѓународниот безбедносен систем“, истакна Путин и додаде дека со тоа што „продолжуваат да се борат за да ја одржат својата хегемонија, САД го туркаат целиот свет кон глобален конфликт“.