
Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов изјавил дека ќе ја брани позицијата на рускиот претседател Владимир Путин околу прашањето на украинската криза и дека ќе го осуди американското мешање на претстојниот собир по повод 25-годишнината од уривањето на Берлинскиот ѕид.
– Одлучно ќе застанам во одбрана на Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин на политичкиот форум кој ќе биде одржан во недела во рамки на одбележувањето на 25-те години од обединувањето на Берлин, изјавил Горбачов, пренесува ТАСС.