Пукање во Арачиново – едно лице е повредено

Во кафуле во Арачиново денеска имало пукање, а според медиумите неофицијално објавија дека во настанот е вмешан и Шенол Маслани во јавноста познат како Шенки Версаче.

Тој е брат на Фарук Маслани кој беше помилуван од страна на претседателката Гордана Сиљановска, што наиде на жестоки рекации од јавноста.

Повреден во престрелката е Сенад Ајдини. Повредениот од местото на настанот избегал со автомобил од марката БВМ.

„Денеска (23.11.2024) во 14.50 часот во СВР Скопје Р.А. пријавил дека во угостителски објект во с. Арачиново од возило во движење Ф.М. пукал кон Д.Р., но го погодил таткото на С.А.. На С.А. му е укажана лекарска помош од страна на Итна Медицинска Помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.