Филипче: Ќе соработувам со сите за да се спротивставам на лошите политики на власта

Ќе соработувам со сите за да се спротивставам на лошите политики на власта“ рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче на 30-от партиски конгрес и изјави дека СДСМ ќе го вратат на победничките патеки.

Челникот на опозициските социјалдемократи додаде дека тој нема волшебно решение преку кое СДСМ ќе стане владејачка партија.

Наведе дека е потребно многу работа и дека да се води државотворна партија е посложено од операција. Порача дека со многу критики се согласува и тие ќе бидат водилка, а за поразот на изборите, рече дека не е крај, туку нова шанса.

„Точно е дека ЕУ и НАТО не се мачкаат на леб, граѓаните сакаат ефикасна држава“, додаде Филипче.

Смета дека биле сервилни кон коалицискиот партнер, не се справиле до крај со криминалот на претходниците.