Европските берзи го следат растот на американските термински индекси

Цените на акциите пораснаа на европските берзи во понеделникот во претпладневното тргување, следејќи ги американските терминсски (фјучерси) индекси, кои сигнализираа раст на Волстрит на почетокот на денешното тргување.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,5 отсто во првиот дневен пресекод тргувањето. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,42 отсто, на 8.296 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,44 отсто, на 19.410 поени, а париски CAC за 0,64 отсто, на 7.300 поени.

Така, европските берзи го следат растот на американските термински индекси кои во моментов се во плус за околу 0,5 отсто, што е најава за раст на цените на акциите на почетокот на денешното тргување на Волстрит.

Американските инвеститори беа охрабрени од одлуката на новоизбраниот претседател Доналд Трамп , за нов министер за финансиида го номинира инвеститорот Скот Бесент, кој работеше за познатиот берзански шпекулант Џорџ Сорос, а подоцна основаше свој хеџ фонд „Key Square Group“.

Аналитичарите очекуваат Бесент да биде наклонет на пазарот, даночните намалувања и дерегулацијата на одредени сектори.

Цените на акциите пораснаа и на повеќето азиски берзи. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции порасна за околу 1 процент во истиот период како и во Европа. Во исто време, индексот Nikkei скокна за 1,3 отсто на берзата во Токио, додека цените на акциите во Австралија и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,3 и 1,3 отсто. Во Шангај и Хонгконг паднаа меѓу 0,1 и 0,4 отсто.

Кинеските берзи и натаму се под притисок поради стравувањата на инвеститорите дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ги зголеми царините за увоз на кинески производи. Покрај тоа, серија неодамнешни податоци покажуваат дека кинеската економија продолжува да расте со бавно темпо, па инвеститорите стравуваат дека неодамна воведените стимулативни мерки нема да го поддржат растот колку што првично се очекуваше.