Единаесет кинески и руски воени авиони навлегле во петокот во зоната на воздушна одбрана на Јужна Кореја во период од четири часа, што го натера Сеул да подигне борбени авиони, соопшти јужнокорејската војска.
„Руски и кинески авиони влегоа во областа еден по друг. Сите излегоа од таму без инцидент или упад во воздушниот простор на Јужна Кореја“, наведува началникот на Здружениот Генералштаб во пораката до новинарите.
Војската на Јужна Кореја ги идентификувала авионите пред да влезат во зоната за воздушна одбрана и ги распоредила своите авиони за да спроведат тактички маневри како одговор, се вели во соопштението.
Сеу тврди дека кинеските и руските авиони често влегувале во зоната на воздушна одбрана на Јужна Кореја последните години, а потоа излегувале без инциденти. Двете земји не ја признаваат зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја.
Голем број земји прогласија свои таканаречени воздушни одбранбени зони за следење и контрола на авионите кои се приближуваат до нивниот територијален воздушен простор поради национална безбедност.