Почнува со работа нукелеарната централа Сендаи во Јапонија

Гувернерот на Кагошима даде „зелено светло“ за ставање во погон на нуклеарната централа Сендаи во јужниот дел од Јапонија, која е прва во државата што ќе почне повторно да работи согласно новите безбедносни правила воведени по хаваријата на нуклеарката Фукушима-Даичи во 2011 година.

Гувернерот Јуичиро Ито изјави дека два реактора на нуклеарката Сендаи ќе почнат да работат и покрај загриженоста на локалните жители. Реакторите би требало повторно да бидат ставени во погон на почетокот од следната недела откако надлежните во јули заклучија дека се задоволени безбедносните критериуми.

Сите 48 реактори во Јапонија кои работат се исклучени по хаваријата во 2011 година за да се извршат безбедносни проверки или евентуални поправки.

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе се залага за покренување на реакторите, тврдејќи дека натамошно одложување ќе биде штетно за економијата.