
Од ден на ден, се поголем и поголем е бројот на клубови кои се сериозно заинтересирани за услугите на репрезентативецот на Англија и стандарден првотимец во дресот на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Каил Вокер.
Најбогатиот клуб во Франција и актуелен шампион, ПСЖ, е последниот кој демострираше подготвеност да испрати неморална понуда за 23-годишниот десен бек кој има статус на недопирлив на “Вајт Харт Лејн”.
Француските медиуми се убедени дека инвеститорот од Катар е подготвен да одвои околу 30 мил. евра за фудбалерот на Тотенхем, но таквата понуда најверојатно нема да биде прифатена од сопственикот на “петлите”, Даниел Леви.
Вокер важи за голема желба и на Реал (М), Барселона, Челзи, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Баерн (М), но неговата слобода може да осигурана само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 45 мил. евра.