САД одобриja продажба на оружје на Тајван во вредност од 385 милиони долари

Американскиот Стејт департмент одобри можна продажба на резервни делови и радари за борбените авиони „F-16“ на Тајван за 385 милиони долари, објави во петокот Пентагон, ден пред тајванскиот претседател Лаи Чинг-те да го започне чувствително патување на Пацификот.

Соединетите држави се законски обврзани да обезбедат средства за одбрана на Тајван, островот на кој право полага Кина која го смета за своја одметната покраина, и покрај немањето формални дипломатски врски меѓу Вашингтон и Тајпеј, од периодот кога САД правеа обиди за приближување со Пекинг во стратегијата против поранешниот Советски сојуз.

Тајван ги отфрла тврдењата на Кина за суверенитет, иако САД со повремени политички провокации се придржуваат главно до принципот „една Кина“.
Кина го засили воениот притисок врз Тајван, а безбедносни извори изјавија за Reuters дека Пекинг би можел да одржи воени вежби кои се совпаѓаат со турнејата на Лаи во Пацификот, која вклучува посети на Хаваи и Гуам, американски територии особено островот Гуам освоен во Втората светска војна на кој се наоѓа само клучната американска база во регионот.

Агенцијата за одбранбена безбедносна соработка на Пентагон соопшти дека продажбата од 320 милиони долари се состои од резервни делови и поддршка за авиони „F-16“ и радари АЕSА и пропратна опрема.

Стејт департментот ја одобри и можната продажба на Тајван на подобрена мобилната претплатничка опрема и поддршка за 65 милиони долари, соопшти Пентагон. Главниот изведувач на продажбата од 65 милиони долари е „General Dynamics“.

Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека очекува продажбата да биде „имплементирана“ во рок од еден месец и дека опремата ќе помогне да се одржи подготвеноста на флотата „F-16“ и да се „изградат веродостојни одбранбени сили“.

„Тајван и САД ќе продолжат да го зајакнуваат безбедносното партнерство и ќе работат заедно за одржување на мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец и во Индо-пацифичкиот регион“, се вели во соопштението.

Минатиот месец, САД објавија можна продажба на оружје на Тајван во вредност од две милијарди долари, а напредниот ракетен систем за противвоздушна одбрана тестиран во Украина за првпат беше испорачан на островот.

Лаи заминува за Хаваи во сабота, постојка на пат кон Маршалските острови, Тувалу и Палау, три од 12-те земји кои сè уште имаат официјални дипломатски врски со Тајпеј. Ќе застане и во Гуам.

Во петокот, Кина ги предупреди САД да бидат „многу внимателни“ во односите со Тајван. Стејт департментот возврати дека не гледа зошто приватното, рутинско и неофицијално патување на претседателот Лаи би било причина за провокација.