Формула 1: Верстапен по пет месеци повторно на најдобрата стартна позиција

Актуелниот и иден светски шампион во Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул ќе ја има најдобрата стартна позиција на претпоследната трка сезонава, неделната Големата награда на Катар во Лусаил, до која стигна со само 25 илјадитинки подобро време. од Британецот Џорџ Расел од тимот на Мерцедес.

Ова е првата пол-позиција за Верстапен во последните пет месеци, деветта сезонава, а втора година по ред ќе ја има најдобрата стартна позиција во Катар.

Од вториот ред ќе стартуваат двата болида на Мекларен, кои ќе ги возат Британецот Ландо Норис и Австралиецот Оскар Пјастри, додека во третиот ред ќе бидат идните тимски колеги Шарл Леклер од Ферари и Британецот Луис Хамилтон од Мерцедес.

Верстапен веќе ја обезбеди својата четврта последователна титула минатата седмица, но титулата кај конструкторите сè уште не е решена. Најблиску до неа е тимот на Мекларен, кој во последните две трки влегува со 30 бода повеќе од Ферари.

Мекларен по двојната победа во спринтерската трка претходно во саботата сега има 623 поени, 30 повеќе од второпласираниот Ферари и 67 повеќе од третопласираниот Ред Бул. Мекларен мора да ја заврши неделната трка со предност од 44 поени за да го обезбеди првото место во поредокот за конструктори овој викенд.

Ред Бул е бранител на титулата. Ферари го нема освоено овој трофеј од 2008 година, а Мекларен од 1998 година

Стартот на неделната трка е во 17:00 часот по средноевропско време.