Времето врнежливо и ветровито

Времето денеска претежно облачно во западните и јужните делови со повремен локален дожд.

Во вечерните и ноќните часови врнежите ќе се прошират и интензивираат на повеќе места. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервалот од 14 до 19 степени.

И утре времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови од земјава, каде ќе има услови за ретки грмежи. Потоа до вторник ќе преовладува стабилно време со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини.