Излезни анкети: Левицата води пред крајната десница на изборите во Романија

Романските владејачки левичарски социјалдемократи (PSD) би требало да освојат најмногу гласови на парламентарните избори во неделата, победувајќи го обновеното крајно десничарско движење кое ја оспори прозападната ориентација на земјата, покажуваат некои од излезните анкети.

Ова се втори од трите последователни избори за нов парламент и нов претседател, откако во првиот круг од претседателските избори на 24 ноември победи крајнодесничарскиот независен кандидат Калин Џорџеску и излезе од релативна анонимност и стана главен фаворит за победа вториот круг.

Неговата изненадувачка победа сигнализираше поддршка за ултра-националистичките партии, од кои некои имаат отворено проруски симпатии, што може да ја поткопа поддршката на Романија за Украина и да го отвори патот за нелиберални политики, велат политичките аналитичари.

Излезните анкети покажаа дека PSD освоила околу 26 отсто од гласовите, пред крјано десничарската Алијанса за обединување на Романија (AUR) со 19 отсто. Во сегашниот состав на парламентот PSD има 32,5 отсто од пратеничките места, додека AUR има 8,5 отсто, што повторно укажува на јакнење на романската крајна десница.

Социјалдемократскиот премиер Марсел Чиолаку беше елиминиран како трет во првиот круг од претседателските избори, по кампањата во која доминираше загриженоста на гласачите за трошоците за живот и гневот на внатрешните борби на главните партии и обвинувањата за корупција.