Не потклекнувајте на обидите за нарушување на соживотот, порачаа верските поглавари

Претставниците од верските заедници, денеска одржаа состанок, после кој порачаа на сите македонски граѓани, да не потклекнуваат на обиди за нарушување на соживотот, и порачаа почитување на државните симболи.

Бог ни дал да живееме во една заедничка држава, затоа ние Поглаварите на Македонската црква, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква и Еврејската заедница, ги повикуваме сите македонските граѓани да не потклекнуваат кон обидите за нарушување на соживотот, туку да ја почитуваме меѓусебната почит, државните симболи на нашата татковина, и симболите на сите етнички заедници, стои во соопштението.