Родителите на децата од прво до четвртто одделние од ООУ „11 Октомври“ од Центар, Скопје, одлучија денеска да не ги пуштат децата на настава во знак на протест од одлуката на раководството на училиштетото да запише дете, кое се изживуваше врз друго дете, но и врз наставниците во ООУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром.
Родителите се исплашени за безбедноста на нивните деца и најавуваат дека доколку раководството не ја повлече одлуката за упис на проблематичното дете, бојкот на настава ќе почнат и децата од погорните одделенија.
Детето со насилно поведение беше отпишано од училиштето во Аердром, по инцидентот во кој лани како второоделенец во тоалет затворило девојче, негова врсничка, го соблекол голо, се изживувал и со нејзината облека го избришал подот. Претходно имал бројни случаи на малтертирање на деца – ги плукал, удрал, ги сопнувал. Детали до настаните сподели актерката Весна Петрушевска, која во видео кажа за неговото однесување:
„Во скопското училиште ‘Лазо Ангеловски’, подолго време, второодделенци, седумгодишно дете, ги малтретира своите соученици. Ги тепа, ги плука, им ги кубе косите и ги остава на катедра кај своите наставнички. Велат дека училиштето не може да се справи со овој насилник. Има приказна дека ова дете затворило девојче-врсник во училишниот тоалет, го соблекол голо и продолжил да се изживува врз ова девојче. Ова дете има историја, ги мавал и тепал децата и во градинка. Истурил течен сапун по скали, се смеел, ги сопнувал. Родителите имаат притисок да не зборуваат, а дел од соучениците се испишале“, кажа Петрушевска.
Директорката на училиштето Даница Блажеска во изјава за „Слободен печат“ најавува дека ќе ја повлечат согласноста за упис, бидејќи не биле запознати со насилничката историја на детото.