Формула 1: Дали наскоро ќе влезе 12-та екипа?

Формула 1 би можела да се прошири на 12 тима сега кога брендот Cadillac на „General Motors“ е прифатен како 11-ти тим од 2026 година, според претседателот на FIA, Мохамед Бен Сулејем.

Формула 1 отсекогаш имала одредба за 12 тимови во правилата, но имаше силно противење од носителите на комерцијалните права „Liberty Media“ и постојните тимови да се надмине бројката од десет.

„Зошто да не?“, изјавил Бен Сулајем за Reuters на неделната трка за Големата награда на Катар кога го прашале дали сака пополнето и последното место.

„Станува збор за вистинска работа. Зошто тогаш имаме опција од 12 ако велиме не? За мене е многуи јасно дека е победа за сите работата со Cadillac“, додал Сулајем.

Од Cadillac објавија начелен договор со Формула 1 минатата недела, додека „General Motors“ се регистрираше кај кровната орранизација FIA како производител на погонски единици. Формула 1 во јануари соопшти дека се сомнева дека понудата, првично претставена како Тим Андрети, ќе биде конкурентна или ќе додаде вредност Ф1, но попушти откако Мајкл Андрети се повлече а се вклучи „General Motors“.

Бен Сулејем рекол дека понудата секогаш се однесувала на квалитетот, а не за бројките – вклучувањето на „General Motors’ целосно како производител, а не на Андрети.

Андрети беше единствениот кандидат кој напредуваше во комерцијални разговори со Формула 1 од четирите што поминаа низ втората фаза од процесот минатата година возачот и тимот на Hitech кој беше поддржан од казахстанскиот милијардер бизнисмен Владимир Ким. Шефот на Hitech, Оливер Оукс сега е директор на тимот Alpine F1 во сопственост на „Renault“.