САД „го следат развојот на настаните“ во Јужна Кореја „со голема загриженост“

САД „го следат развојот на настаните“ во Јужна Кореја „со голема загриженост“, изјави денеска заменик државниот секретар Курт Кемпбел откако јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол прогласи воена состојба во земјата.

– Претседателот, советникот за национална безбедност, државниот секретар, сите се информирани за развојот на настаните и постојано се ажурираат за ситуацијата додека се развива, рече Кембел на настан во Стејт департментот.

Кемпбел изјави дека САД се обидуваат да се ангажираат со јужнокорејските колеги „на секое ниво, и во САД и во Сеул“.

– Сакам да нагласам дека нашиот сојуз со Јужна Кореја е железен и ние стоиме покрај Кореја во нивното време на неизвесност, рече тој, користејќи го кратенката за формалното име на Јужна Кореја – РОК (the Republic of Korea).

Исто така, сакам само да нагласам дека ги имаме сите надежи и очекувања дека сите политички спорови ќе бидат решени по мирен пат и во согласност со владеењето на правото, додаде тој.

Кемпбел рече дека американската влада „ќе има повеќе да каже додека се развива ситуацијата“.