
Кошаркарите на Црвена ѕвезда беа поразени од тимот на Олимпија Милано со резултат 101:86 во 13. коло од Евролигата.
Првата делница започна лошо за Ѕвезда, чии кошарлкари дуелот го отоврија многу слабо во офанзивниот сегемент, а лошо функционираше и одбраната, па миланезите имаа многу отворени шутеви и лесни поени, пред се благодарение на Нико Мајнион и Никола Миротиќ. Домашниот тим на тој начин по десет минути дојде до двоцифрена предност и „црвено-белите“ мораа да реагираат. Избраниците на Јанис Сферопулос кон крајот на оваа четвртина постигнаа неколку поени и малку се доближија до „манекените“, но тоа не траеше долго.
Во вториот период од натпреварот за Милан настапуваше поранешниот кошаркар на Ѕвезда, Фреди Гелеспи. Создаде многу проблеми во одбраната на Ѕвезда и ги задржа домашните на осум до десет поени предност. Гост ите неколкупати се враќаа „во живот“, но миланезите секогаш имаа одговор. Кон крајот двоецот Петрушев – Мекинтајр успеа да ја доведе Ѕвезда на минус четири, но трите грешки брзо ги вратија домашните на сигурни плус 11 и со таа разлика се замина на полувремето.
Ништо подобра не беше ситуацијата на почетокот на третата четвртина. Миротиќ веднаш реализираше слободно фрлање поради техничката грешка досудена против Петрушев, а потоа продолжи серијата на Милан и по три минути домашните стигнаа до плус 21. Милан потоа се опушти и дозволи Ѕвезда да се приближи, што избраниците на Јанис Сферполулос успеаја да го искористат. Ја намалија разликата на дванаесет поени, но кога требаше да го скршат Милан и да се спуштат на едноцифрен минус, Козер постигна кош со звукот на сирената и повторно гостите си заминаа со убава предност на мини одморот.
Милано мирно влезе во последната делница. Трпеливо градеа напади и ги чекаа грешките на Ѕвезда. „Црвено-белите“ се обидоа да направат серија, но Миротиќ и Шилдс секој пат успеваа да ја прекинат. До крајот немаше многу возбудувања, а Ѕвезда ќе мора да бара нова шанса за победа во Болоња против Виртус, во меч кој се игра в петок.
Најефикасни во победничкиот тим беа Никола Миротиќ со 22 и Нико Манион Фабијан Козер со 20, додека македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ за 14 минути на паркетот оствари 4 поени со 2 скока и 3 асистенции. Кај Ѕвезда се истакна само Јаго дос Сантос со 17 коша.
Кошаркарите на Олимпијакос славеа на тешкото гостување кај Монако во 13. коло од Евролигата, грчкиот тим победи со 89:80.
Ова му ја донесе на Олимпијакос деветтата победа сезонава и делба на второто место на табелата со Фенербахче. Прв е Париз со скор 10-3, додека Монако сега има осум победи и пет порази.
Олимпијакос до победата го предводеа Французинот Еван Фурние кој постигна 19 поени и Шекиел МекКисик со 18 поени. Вилијам-Гос и Везенков постигнаа по 14, а вториот додаде и шест скока. Кај Монако најдобар беше Алфа Диало со 21 поен.