Лефков: Дамева и нејзините претходници се едни од виновниците за недовербата во правосудството

На синоќешното гостување во емисијата „Објектив” на МТВ, пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков говореше за оставката на Весна Дамева, претседателката на Судскиот совет, и појасни дека и таа и претходната претседателка, како и Наќе Ѓорѓиев, се едни од виновниците за довербата во правосудството од само 2 процента.

„Да ве потсетам, во минатото, Судскиот совет на затворена седница, има одлучено да сопре постапка за Наќе Ѓорѓиев и ако тоа го споредите со извештаите на ЕК, Комисијата на најстрог начин пренесено дека треба да се преземат мерки”, истакна Лефков.

Пратеникот додаде и дека одредени членови на Судскиот совет и одредени судии, се дел луѓето заради кои не може да се воспостават реформи во правосудството.

„Токму оние кои што се дел од една одредена политичка игра, кои им долгуваат на оние кои ги донеле на тие места, долгуваат „хипотеки” на некои многу важни политички актери во минатото и не знаејќи како да се ослободат од истите, тие се најголеми кочничари на реформите во правосудството”, заклучи Лефков.