
Еден полицаец е повреден во престрелка која се случила во близина на Мавровка, објави Пресс 24.
Според информациите, во полицаецот пукале две лица кои се дале во бегство. Информацијата и официјално е потврдена од полицијата.
Полицискиот служеник од Бит Пазар со прострелни рани бил пренесен на скопските клиники и засега нема информации колку се сериозни повредите.
Засега полицијата во интерес на истрагата не дава повеќе информации.