Возило на обезбедување на претседателот на Собранието излета од пат кај Охрид, тројца повредени пренесени во болница

СВР Охрид информира дека сообраќајна несреќа се случила утрово пред Охрид, во близна на Ново Село, а во кое учествувало возило на обезбедувањето на собранискиот спикер Гаши. Во сообраќајката се повредени тројца полициски службеници, кои се пренесени во болница.

-На 06.12.2024 во 10.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Ново село, општина Дебрца, излетало од патот патничко моторно возило „сеат алтеа”, сопственост на Министерството за внатрешни работи, управувано од Ј.Л.(37), во кое сопатници биле И.Б. и Б.М, сите полициски службеници. По укажаната помош на местото на настанот од екипа од Итната медицинска помош, тие се пренесени во болницата „Св.Еразмо” во Охрид. По наредба на Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршија полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, информираат од СВР Охрид.