Њујорк: Идентификуван осомничениот за убиството на директорот на „UnitedHealth“

Властите го идентификуваа човекот осомничен за убиството на извршниот директор на „UnitedHealth“ Брајан Томпсон и го стегаат обрачот околу него, изјави во саботата градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс.

„Обрачот се стега“, им рекол Адамс на новинарите на божикната забава на Полициската атлетска лига во Харлем, објави весникот The New York Post.

Њујоршкиот градоначалник одбил да го именува осомничениот.

Педесетгодишниот Томпсон, кој стана извршен директор на осигурителната компанија „UnitedHealth“ во април 2021 година, беше застрелан од зад грб околу 6,45 часот по локално време во средата наутро, во како што полицијата го нарече напад со предумисла од маскиран вооружен маж.

Убиството се случи непосредно пред годишната конференција за инвеститори на компанијата која се одржуваше во хотелот „Hilton“ на познатата њујоршка Шеста авенија.

Пукањето предизвика голема потера по напаѓачот, кој побегнал пеш облечен во јакна со качулка, маска и сив ранец пред да замине со електричен велосипед кон Централ парк, соопшти полицијата.

Адамс изјави за Post дека полицијата го држи во тајност името на осомничениот за да му се оневозможо каква и да е предност во истрагата и случајот.

„Сѐ уште не сакаме да го објавиме името. Доколку го сториме тоа, ѝ давате информации на личноста што ја барате, а ние во ниеден случај не сакаме да му помогнеме. Нека продолжи да верува дека може да се сокрие зад маската“, додаде изјавил градоначланикот на Њујорк.

„Го откривме неговиот лик, продолжи тој, покажувајќи ја снимката од безбедносните камери. „Ќе откриеме кој е и ќе го изведеме пред лицето на правдата.

Њујоршката полиција (NYPD) соопшти дека веруваат оти осомничениот го напуштил Њујорк, врз основа на снимката на која се гледа како влегува во такси што го однело на меѓуградска автобуска станица.

Околностите на нападот сугерираат дека тој бил планиран, соопшти полицијата, бидејќи снимката од надзорните камери покажува дека напаѓачот ги игнорирал другите пешаци додека го чекал Томпсон.

Сѐ уште не е познат мотивот на напаѓачот. Весникот The New York Times претходно седмицава објави дека убиецот користел пиштол со придушувач. Мотивот за нападот сѐ уште не е познат, но весникот наведува дека Томпсон неодамна добил закани.

Првично полицијата нудеше награда од 10.000 долари за информација што ќе доведе до апсење на убиецот. Федералното биро за истраги (FBI) во петокот вечерта објави дека нуди награда од 50.000 долари за информација што ќе доведе до апсење и изведување пред правдата на убиецот.

Од април 2021 година, Томпсон ја водеше „UnitedHealthcare“, американската подружница за здравствено осигурување на меѓународната осигурителна компанија „UnitedHealth Group“. „UnitedHealth“ е најголемиот здравствен осигурител во САД и опслужува десетици милиони Американци.