Министерот за одбрана на Јужна Кореја, Ким-Јонг-хјун беше уапсен под обвинение за вмешаност во прогласувањето воена состојба од претседателот Јун Сук-Јеол.
Ким си поднесе оставка во средата, но се смета се централна фигура во прогласувањето воена состојба и според медиумите токму тој бил човекот кој му предложил на претседателот да преземе ваков чекор.
Специјален тим на обвинителството го испитувал Ким, кој доброволно се појавил во канцеларијата на окружното обвинителство во Сеул во раните утрински часови.
Три опозициски партии поднесоа тужба против Јун, Ким и командантот на вооружените сили Парк Ан-су, обвинувајќи ги за предавство.