Три лица пронајдени починати, едно од нив е дете

Три безживотни тела биле пронајдени денеска во неготинското село Црвени Брегови. Оваа информација за МИА ја потврдија од Јавното обвинителство.

– Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место во неготинското село Црвени Брегови, каде во мала куќа која се користела како импровизиран верски објект биле пронајдени три безживотни тела меѓу кои и на едно дете на возраст од околу 14 години. При првичниот преглед на лицата не се констатирани траги на насилство. Јавниот обвинител издава наредби за обдукција, како и наредба за испитување на исправноста на плинскиот уред на кој се грееле, велат од Обвинителството за МИА.