МВР влезе во Судски совет и врши претреси, дознава „Скопје1“. Според првичните информации, во моментов се прават контроли, а кои се поврзуваат со постапувањето на членовите во делот на предметите.
„Полициски службеници по Наредба на ОЈО Скопје постапуваат во Судски совет, односно се обезбедуваат два записници за да се проверат евентуални елементи на кривично дело“, велат од МВР за „Скопје 1“.
Неофицијално, делото е можеби поврзано со Артан Груби.
Повеќе информации од МВР и ОЈО се најавени во текот на денот.
Ова доаѓа откако Владата најави реформи во правосудството, а премиерот Христијан Мицкоски најави негово распуштање. Притоа, дел од составот на Судски совет е истиот кој изгласа апелациониот судија Енвер Беџети да не биде разрешен поради чувањето во фиока на предметот „Таргет-тврдина“, туку само да му биде намалена платата.