Во главниот град на Чеченската Република, Грозни, утрово одекнале четири експлозии, соопштија локалните власти на Телеграм, повикувајќи се на сведоштва на населението и наведуваат дека се работи за напад со украински беспилотни летала.
Очевидци тврдат дека слушнале звуци од експлозии околу 7 часот и 45 минути по локално време, наведувајќи дека пред детонациите во блиското село се слушале звуци карактеристични за дронови, пренесува руска Газета.
– Прелиминарно може да се каже дека се работи за напад со дронови, се наведува во соопштението на локалните власти во кое се прецизира дека во градот се регистрирани четири експлозии.
Потврдено е и дека локалната полиција отворила оган врз дронови насочени кон полициската станица.