Саутемптон го отпушти тренерот Расел Мартин

Управата на Саутемптон го отпушти тренерот на првиот тим Расел Мартин во неделата навечер, објави англискиот премиерлигаш на својата официјална веб-страница (southamptonfc.com).

Со само пет бода од 16 натпревари, Саутемптон е врзан на дното на табелата во Премиер лигата, а неделниот пораз на домашен терен (0:5) од Тотенхем му пресуди на Мартин.

„Можеме да потврдиме дека донесовме тешка одлука да се разделиме со нашиот менаџер на првата машка екипа, Расел Мартин. Не почетокот на сеозната сите знаевеме со какво предизвици ќе се соочоме оваа годија додека се проглагодуване на животот во елитата, натпреварувајќи се во најдобрата и најконкурентна лига во светот. Би сакале да ја искористиме оваа прилика да им се заблагодариме на Расел и неговиот персонал за целата напорна работа и посветеност што му ја дадоа на клубот на и надвор од теренот во последните 18 месеци. Сите кои се поврзани со Саутемптон секогаш ќе имаат фантастични спомени од минатата сезона, особено од победата во финалето од плеј-офот во мај“, стои во официјалното соопштение.

За 38-годишниот стручњак ова беше прво искуство во Премиер лигата, за кое се избори водејќи го Саутемптон до четвртоот место во Чемпионшип минатата сезона, а потоа преку плеј-офот преку Вест Бромвич Албион и Лидс Јунајтед до промоција во елитната класа на англискиот клубски фудбал.

Управниот одбор на Саутемптон соопшти дека во следниот период, до именувањето на нов селектор, првиот тим ќе го предводи Сајмон Раск, кој моментално е на местото селектор на селекцијата до 21 година.

Мартин е четвртиот менаџер кој доби отказ оваа сезона во Премиер лигата, а вториот кој остана без работа овој викенд. Само неколку часа пред неговото отпуштање, Вулверхемптон Вондерерс го отпушти Гери О’Нил.

Првиот премиерлигаш кој остана без работа беше Холанѓанецот Ерик тен Хаг, кој на 28 октомври доби отказ од Манчестер Јунајтед, а на 24 ноември управата на Лестер Сити го разреши Стив Купер.