Полициски службеници утринава направиле претрес во повоеќе привцатни домови, поради постоење сомнежи за организиран криминал во Државна лотарија, дознава НетПрес од извори во истрагата.
Нашите информации велат дека полициски сили упаднале во домот на Артан Груби, но тој не бил најден таму. Истото се случило и кога полицијата извршила претрес во домот на поранешниот директор на Лотарија на Македонија, Прпарим Бајрами. И тој не бил дома. Македонските истражните органи се сомневаат дека тој уште пред неколку месеци избегал во Косово. Имало ветување од блиски луѓе на Бајрами дека ќе се врати, но сепак органите на прогонот во Македонија најверојатно ќе изадат потерници и за него и за Артан Груби.
Инаку, во претресот во домот на Бајрами полицијата нашла и запленила околу 50.000 швајцарски франци готовина.