Денеска остварив продуктивна средба со евроамбасадорот Михаил Рокас, на која разговаравме за тековните економски предизвици и напредокот на реформите за финансиска стабилност и интеграција во ЕУ, информира министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.
-Заедничките заложби и соработката со Европската Унија остануваат клучни за економскиот развој и иднината на нашата држава.