Серија А: Интер го демолираше Лацио среде Рим

Во дербито од 16-то  коло од италијанската лига, во понеделникот вечерта фудбалерите на Интер во Рим го победија Лацио со 6:0.

„Нераѕурите“ од Милано постигнаа четири гола во Рим во периодот од 41. до 53. минута. Најпрво Хакан Чалханоглу погоди од пенал, а потоа од игра погодија Федерико Димарко, Никола Барела и Дензел Дамфрис. Во 77. Карлос Аугуста погодува за 5:0, а во 90. за конечни 6:0 Маркус Турам, вториот стрелец во лигата со 11 голови.

Лидерот Аталанта има 37 бодови, второпласраниот Наполи 35, Интер има 34 бодови и натпревар помалку, додека петтиот Лацио има 31 бод колку и четвртопласираната Фиорентина.