
Луиџи Манџоне, 26-годишниот маж осомничен за убиството на извршниот директор на групацијата „UnitedHealth“, педесетгодишниот Брајан Томпсон, на улица на Менхетен претходно овој месец, беше официјално обвинет за убиство во вторникот, соопштија обвинителите.
„Овој вид смислено, насочено вооружено насилство не може и нема да се толерира“, рече окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег во соопштението со кое го објави обвинението.
Манџионе, кој беше уапсен по петдневна потрага, е обвинет за убиство на Томпсон пред хотел на Менхетен на 9-ти декември пред годишната конференција на најголемата компанија во американското здравствено осигурување.
Според пријателите и објавите на социјалните мрежи, Манџоне страдал од хронична болка во грбот што влијаело врз неговиот секојдневен живот, иако не е јасно дали неговата здравствена состојба одиграла улога во пукањето.
Од април 2021 година, убиениот Томпсон ја водеше „UnitedHealthcare“, американската подружница за здравствено осигурување на меѓународната осигурителна компанија „UnitedHealth Group“. „UnitedHealth“ е најголемиот здравствен осигурител во САД и опслужува десетици милиони Американци.
Манџоне беше обвинет за убиство од прв и втор степен, како и за нелегално поседување оружје, соопшти обвинителството.